Во Приштина ќе се протестира за ослободување на затворените терористи

Протест за ослободување на затворените по акцијата во Куманово ќе се одржи денеска на пладне пред Владата во Косово, јавуваат тамошните медиуми.

Овој протест е организиран од страна на семејствата на притворените и убиени во Куманово пишува во јавниот повик до сите граѓани на Косово.
Барањата се косовските институции што побрзо да преземат конкретни дејства за заштита на уапсените граѓани.
Имено, на протестите во Косово им претходи вчерашната изјава на народниот правобранител, Иџет Мемети, кој упати силна критика до македонската полиција за наводен „лош третман“ на приведените терористи и еден нивни соучесник, вработен во МВР.
-Има притворени што се малтретирани и измачувани при полициската акција во Куманово. Од нашето постапување во понеделникот, од собраните докази и информации, имавме доволни сознанија дека врз едниот од приведените е сторено кривично дело мачење. Се работи за државјанин на Република Македонија, кој бил вработен во полиција, а е од Куманово. Дојдовме до сознанија дека лицето било лошо третирано и малтретирано откако е донесено решението за мерка притвор, реагираше вчера Иџет Мемети.