Балкан

Во Приштина уапсен Србин кој подготвувал терористички напад

Во Приштина уапсен Србин кој подготвувал терористички напад

Косовската полиција уапси Србин кој е осомничен дека планирал терористички напад, изјави на прес – конференција министерот за внатрешни работи, пренесува МИА.

Осомничениот е уапсен во Приштина во текот на вчерашниот ден со 12,2 кг. експлозив во автомобилот.

Според министерот Скендер Хисени, полицијата смета дека „тоа лице имало намера да изврши терористички напад“.

Весникот Коха Диторе повикувајќи се на полициски извори тврди дека експлозивот требало да биде употребен за терористички напад врз Католичката катедрала во Приштина.