Во Призрен убиени три лица

Во воружена престрелка што се случла вчера попладнето во центарот на косовскиот град Призрен, смрттно се застрелани три лица.

Од Регионалната полиција во Призрен потврдија дека инцидентот се случил на улица во близина на Регионалната болница.

– За мотивите и причините не можеме да кажеме ништо конкретно, но можеме да потврдиме дека се убиени три лица. Полицијата има двајца осомничени по кои трага, кусо изјави Назир Бериша, полициски портпарол.

Како што пренесува електронското издание на венискот „Зери“ на местото на настанот биле пронајдени чаури од куршуми од пиштол и автоматска пушка„калашњиков“.Смртно зстреланите се Ф.Шишко, Х.Тачи и Б.Есој сите жители на Призрен. Неофицијално се дознава дека станува збор за одмазда.