Во продавниците на ОНЕ Блок-билети за натпреварите на РК “Металург” во Лигата на шампионите

Од денес, ексклузивно во продажните салони на ОНЕ започнува обнова на минатогодишните блок-билети за натпреварите на РК “Металург” во Лигата на шампионите во ракомет. Сите оние кои имале блок-билет за минатата сезона, веќе од денес, единствено во продавниците на ОНЕ, истиот ќе можат да го заменат за нов и да го сочуваат своето место на натпреварите.

Обновата на ланскиот блок-билет ќе трае до 13 септември (сабота), а по истекот на периодот за обнова, во продажните салони на ОНЕ ќе може да се купи и нов блок-билет за престојаната сезона на најелитното ракометно натпреварување.

Билетите се достапни во следниве продажни салони на ОНЕ: ТЦ Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол, како и продажните салони во Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија.

Информации за цените на сите категории на блок-билети за групна фаза на Лигата на шампионите, за сезона 2014/15 на: http://www.rkmetalurg.mk/zameni-go-tvojot-blok-bilet-i-prodolzhi-da-uzhivash-vo-nashata-prikazna/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.