Во продажба новиот број на „Шарли ебдо“

Најновото издание на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ од денеска е во продажба, а на насловната страница се наоѓа цртеж на пророкот Мухамед кој плаче и држи порака „Јас сум Шарли“.

Весникот е отпечатен во три милиони примероци и излегува една недела по исламистичкиот напад врз редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз, при што се убиени осум новинари и уште четири лица.

Новиот број го подготвија преживеаните членови и ќе биде достапен во 25 држави на 16 јазици.

Браќата Саид и Шериф  Кауши на 7. јануари убија 12 луѓе при нападот на редакцијата „Шарли ебдо“, вклучлително петте најдобри карикатуристи и тројца членови на редакцијата.