Во продажба влезниците за големиот концерт на финалистите од „Икс Фактор“

Влезниците за големиот концерт на финалистите од мегапопуларното шоу „Икс Фактор Адриа“ веќе во продажба во продажната мрежа на МКтикетс.

Концертот ќе се одржи во арената Борис Трајковски на 7-ми јуни.

За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба се пуштени и најавените фан-пит влезници кои се достапни во строго ограничен број од само 500 влезници. Цената на фан-пит влезниците изнесува 700 денари, а покрај фан-пит, достапни се и влезници за партер по цена од 350 денари, влезници за трибините кои чинат 400 денари, како и ограничен број ВИП влезници по цена од 1.000 денари.