Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидени проекти со кои ќе се олесни животот на жените

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на  годишната конференција на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ на сите жени во ВМРО им изрази јавно признание и благодарност за огромниот

-Вие, кои одамна сте еден од клучните столбови на ВМРО, веќе прераснавте во институција за респект. Вашата грижа, вашата посветеност, вашата работа, вашите успеси се за восхит, како во партиското работење, така и многу од вас на кои им се доверени државни функции и одговорности. Јас и сите мои соработници денес се гордееме со Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ. Ве имаме секаде каде сте потребни на нашиот народ и во добро и во лошо и во поплави и кај настраданите семејства од пожари,  во помош на ранливите категории, но и во креирањето на партиските и државните политики, планови и стратегии и нивното спроведување. Унијата на Жени  денес е респектабилен фактор, не само во партијата туку и пошироко, рече Груевски.

Посебни честитки упати за претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова,за која како што рече со целиот свој тим се вложи во работата на Унијата, што се гледа и по резултатите и бројните активности.

-Со вас заедно, со вашиот силен ангажман, одиме многу посигурни и постабилни на голема победа со 63 пратеници, на изборите на 11-ти декември, рече Груевски.

Лидерот посочи дека и досега имале многу проекти кои им го олеснувале животот на жените во Македонија, но најави и нови проекти во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

-Досега многу работи поврзани со жените ги ветивме и реализиравме.  Се овозможи неплатено родителско отсуство, надоместок за плата поради бременост, раѓање и родителство, 15 месеци породилно отсуство за мајка на близнаци, се донесе законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, се изврши зголемување на посебните додатоци, додаток за трето дете, се изградија над 80 детски градинки, се изградија 532 станови за млади брачни парови, се намали ДДВ-то за бебешки производи, се воведе и прошири  проектот за бесплатно ин витро за трето и четврто дете и мноштво други мерки и проекти. И со новата програма се предвидуваат многу нови мерки и проекти со кои ќе се помогне или олесни животот на жените и мајките, истакна Груевски.