Во просек намален приливот на бегалци на грчките острови

Европските и грчките власти се охрабрени од намалувањето на приливот на бегалци и мигранти на грчките острови што е забележано од минатата седмица.

Вчера на Лезбос, Хиос и Самос пристигнале околу 700 бегалци што е повеќе од претходните денови, но сепак претставува намалување од пред две недели. Во понеделникот пристигнале 161 мигранти, додека во неделата помалку од дваесет.
Сепак, бројот на бегалци и мигранти во Пиреја е преголем. Според денешните податоци, во пристаништето и околу него има вкупно 5.745 бегалци и мигранти.
Денеска во пристаништето пристигна еден ферибот со само 15 бегалци од Митилена.
Во меѓувреме, бројот на шатори во и околу пристаништето достигна 1.100. Министерството за миграциска политика одлучи меѓу бегалците да се дистрибуираат летоци со кои мигрантите ќе се советуваат да бидат префрлени од пристаништето и кои постапките треба да ги следат.
Во првата фаза се предвидува тие да бидат преместени во новиот сместувачки центар во Елеонас и другите објекти во Килини, каде можат да се сместат 1.300 луѓе.