ВИДЕО: Во протестите на СДСМ повредени 38 полицајци

Бројката на повредени полицајци од насилните партиски протести на СДСМ одржани вчера пред зградата на Владата се искачи на 38 полициски службеници.

Покрај повредените полицајци демолирани се  и полициски автомобили и запалени се контејнери во тек на организираниот партиски протест што уследи по прес-конференцијата на опозицискиот лидер Зоран Заев.

– Полицијата вечерва беше предмет на досега невиден брутален напад. Полицаецот со посериозни повреди бил нападнат со шипки и бекатон плочки. Демолирани се неколку полициски автомобили, како и државен имот кај Владата, изјави синоќа Иво Котевски.

Во тек на протестот демонстрантите фрлаа најразлични предмети кон полицијата и се обидуваа да влезат во Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.