Во протестите во Париз уапсени 12 лица

Полицијата употреби солзавец за да растера група од стотина луѓе кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу Плоштадот на републиката, каде демонстрантите веќе три недели одржуваат протести секоја ноќ, се наведува во соопштението.

Во нередите кои избија нешто по полноќ едно полициски возило е запалено, а 12 лица се уапсени поради илегално собирање и фрлање проектили.

Протестите почнаа на 31 март поради најавените реформи на законот за труд, но во меѓувреме демонстрантите протестираат и поради низа други прашања од мигрантската криза до затајувањето данок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.