Македонија,Економија

Во првата фаза од договорот со Светска банка исплатени 52 милиони евра за рехабилитација на патиштата

Во првата фаза од договорот со Светска банка исплатени 52 милиони евра за рехабилитација на патиштата

Договор за финансирање на проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со кредит од 52 милиони евра од Светска банка беше потпишан денеска во Министерството за финансии од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески, директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Овие 52 милиони евра се прва фаза од проектот со Свeтска банка за финансирање во новата  четиригодишна стратегија со која што се предвидени вкупно 400 милиони долари за Македонија.

„Првите 52 милиони евра ќе бидат искористени за изградба и реконструкција на патишта , а во текот на следната година очекуваме уште еден прокет за патишта во вредност од околу100 милиони евра. Вкупниот пакет кој ќе биде наменет за изградба и реконструкција на патишта, финансиран од Светска банка ќе достигне над 150 милиони вера,“ истакна Ставрески.

Средствата се добиени по исклучително добри услови со варијабилна каматана стапка која во моментов изнесува 0,6 отсто, 23 години рок на отплата и шест години грејс период.

Со првите 52 милиони евра ќе бидат финансирани повеќе патни правци: Битола-Макази, Ресен-Буково и Бошков мост-Дебар, како и санација на неколку свлечишта.

„Нашите очекувања и нашите предлози се да се рехабилитира патот од Тетово до Гостивар, Делчево-Голак, Мокрино-Смолари, Мелнички мост-Центар Жупа, Лажени-Црнилиште, Кривогаштани-Воњани, Кочани-Делчево и Нов Дојран-Николиќ. Овие патишта се предложени и доколку ги испoлнат условите на Светска Банка од аспект на економска, социјална, еколошка одржливост имајки го во предвид нивното регионално значење очекуваме да добиеме потврда од Светска банка,“ подвлече Ставрески.

Останатите 100 милиони евра кои ќе бидат одобрени следната година ќе овозможат финансирање и неколку останати значајни регионални патишта: Ранковце-Крива Паланака, Пробиштип-Пониква, Тораница-Саса, Старо Коњарево-Ново Коњарево, Гарски мост-Извор.

„Проектот со Светска банка со вкупна вредност од над 150 милиони евра за изградба и реконструкција на патишта се вклопува во еден посериозен инвeстициски циклус за реализација на автопати, магистрални и регионални патишта во вкупна вредност од над милијарда и 300 милиони евра, каде што спаѓаат и автопатите за кои што во овој период ќе се издвојат над 890 милиони евра а останатото се магистрални и регионални патишта што се финансираат од различни извори,“ додаде тој.

„Овој е втор проект за патен транспорт коj Светска банка во моментов го финансира во Македонија , покрај тековниот проект поддршка на локалните и регионалните патишта. Овој заем дава можност да се подобри патната мрежа која е неопходна за зголемен раст и поеенергична економија. Подобрата патна мрежа ќе значи и подобра поврзаност и побезбедно патување на жителите на Македонија,“ истакна Проскурјакова.

Проектот има за цел, како што додаде таа да се подобри отпорноста од климатските прмомени како и редовно вклучување на елементи за климатска адаптација при проектирање на патиштата.

Со овој договор, како што подвлече директорот Ј.П. Државни патишта, Георгиевски, се заокружува финансиската конструкција за рехабилитација и реконструкција на повеќе магистрални и регионални патни правци кои што се од сиклучително значење за Македонија