понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Во првиот квартал растот на економијата е 2 отсто

Македонската економија во првиот квартал од годинава бележи раст од 2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

rast-na-ekonomijata

Поврзани вести

Македонската економија во првиот квартал од годинава бележи раст од 2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 отсто, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 11,7 отсто и Градежништво од 7,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,3 отсто.

Во тој период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 12,6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,4 отсто

Најчитани вести