Македонија,Крими хроника

Во првите 6 месеци од годинава повеќе од 1.200 лица повредени во сообраќајки во Скопје

Во првите 6 месеци од годинава повеќе од 1.200 лица повредени во сообраќајки во Скопје

Зголемената фрекфенција и густината на сообраќајот на патиштата во Република Македонија во текот на првото полугодие од 2014 година, а особено непочитувањето на сообраќајните правила од страна на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите, имаше за последица случување на 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици.

Во текот на првото полугодие од 2014 година, на патиштата во Република Македонија се случиле вкупно 1.716 (1.894) сообраќајни незгоди со потешки последици (незгоди со загинати лица, со повредени лица и незгоди со поголема материјална штета), од кои 60 се незгоди со загинати лица, додека 1.655 се незгоди со повредени лица, а само една незгода е со поголема материјална штета. Во незгодите настрадале вкупно 2.758 (3.049) лица, од кои 2.687 (2.962) лица се повредени, додека 71 (87) лице загинале.

Според местото на случување на сообраќајните незгоди со потешки последици, 1.319 незгоди се случиле во населените места, а на патиштата надвор од населени места во Републиката, се случиле 397 незгоди. Гледано по подрачја, 44% од сообраќајните незгоди се случиле на подрачјето на СВР Скопје-758 незгоди, потоа следи СВР Битола со 184, СВР Тетово-158 незгоди, на подрачјата на СВР Штип и СВР Куманово по 134 незгода, СВР Велес-128, на подрачјата на СВР Струмица-112, а најмалку на подрачје на СВР Охрид-108 незгоди.

По месеци, најмногу незгоди се случиле во мај -314, потоа во април -299, а најмал број на сообраќајни незгоди се случиле во февруари -251, а според деновите, случените соообраќајните незгоди се приближно на исто рамниште.Инаку, по часови, најмногу незгоди се случиле во времето од 14,00 до 16,00 часот-245 незгоди, а најмал број незгоди се случиле во времето од 02,00 до 04,00 часот- 47 незгоди.

Според видот на настанување, најбројни се меѓусебните судари на возила во движење-857 незгоди, потоа удар со возило во пешаци-442 незгоди, излетување на возила од пат-199 и др. Поради грешки на возачите се случиле 1.622 незгоди со настрадани лица, што претставува 94% од вкупниот број на незгоди, во кои загинале 68 лица, а 2.578 се повредени, најчесто поради управување со возилото со брзина поголема од дозволената-689, потоа поради недржење страна и правец на движење-522 поради непочитување на правилата за првенство на минување-495 и во помал број поради други причини.

Понатаму, пешаците предизвикале 71 незгода, во кои две лица загинале, додека 72 лица се повредени, додека патниците предизвикале една незгода, во кои едно лице загинало. Поради останати причини се случиле 17 незгоди, во кои 28 лица се повредени, а поради неисправна состојба на патната мрежа се случиле пет незгоди во кои девет лица се повредени.

Во сообраќајните незгоди настрадале вкупно 2.758 лица, од кои 2.687 биле повредени (423 се здобиле со тешки телесни повреди, а 2.264 лица биле телесно повредени), додека животот го загубиле 71 учесник во сообраќајот.

Од загинатите лица најголем број се возачи и сопатници во моторни возила-по 21, потоа следат-17 пешаци, 10 мотоциклисти и двајца велосипедисти. Според возрасна структура, најголем број на лица-20 загинале на возраст од 18-30 години, потоа 19 се над 60 годишна возраст, 16 на возарст од 40-60, 11 се на возраст од 30-40, а пет се малолетници.

Најмногу сообраќајни несреќи со повредени се случиле на подрачјата на Скопје и Битола, каде повредени имало од 1.200 до 1.400 лица, а додека пак најмалку повредени, според информациите на МВР, имало во Струмица каде бројката на повредени е помалку од 200 лица.