Во првото полугодие инвестициите достигнале 132,5 милиони евра

Странските инвестиции во првите шест месеци од годинава достигнале 132.5 милиони евра, или 14 милиони повеќе од истиот период лани, објави Народната Банка.

Најмногу, 118 милиони евра, биле вложени од Швајцарија, а најголемо одлевање на капитал, 105 милиони евра, има кон Франција.

Освен Швајцарија во топ пет инвеститори влегуваат и Турција, Украина, Германија и Обединетото Кралство.

Анализирано по сектори, најголеми вложувања има во рударството 35, производството 31, градежништвото 22 и во услугите 19 милиони евра.