Во пукање на фестивал во САД дваесет ранети, осомничениот убиен

Осомничениот е убиен а најмалку дваесет луѓе се ранети ноќта кон неделата во пукање во местото Трентотн, престолнина на американската сојузна држава Њу Џерси, на ноќен уметнички фестивал, соопшти јавниот обвинител.

Според државниот обвинител на округот Мерсер, Анхел Онофри, „неколку лица пукале“ во зградата во којашто се одржувал фестивалот, малку пред 3 часот по полно, 9 часот по македонско време.

Еден од осомниечните, 33-годишен маж, убиен е на самото место, додека друг осомничен е уапсен, додал обвинителот. Ранети се дваесет лица, а „на местото на настанот пронајдени се повеќе парчиња оружје“, рекол Онофри.

Новинарката на американската телевизиска мрежа CBS News извести за 22 ранети лица, од кои четири се во критична состојба. Засега нема информации за причините за пукањето и за неговиот тек,

Уметничкиот фестивал под назив Art All Night кој веќе 12 години се организира во Трентон, град со 85.000 жители, стотина километри јужно од Њујорк, требаше да трае 24 часа, започнувајќи во саботата во 15 часот.

„Со големо жалење објавуваме дека фестивалот се затвора поради трагичните настани во текот на минатата ноќ“, објавија во неделата организаторите на Facebook. Додаваат дека „засега немаат одговори на многу прашање“ за причините и она што се случиувало во текот на овој настан.