Во пукање во Арканзас убиени три лица, четворица повредени

Непознат напаѓач пукал во шест лица во една куќа во Џонсбороу, во американската сојузна држава Арканзас, усмртувајќи возрасен маж и девојче, а тешко повреденил две момчиња, а потоа убил и еден работник во фирма во близина, соопштила полицијата.

Осомничениот подоцна е пронајден мртов со прострелна рана во автомобил оставен на среде автопат, изјавил на прес конференција поручникот Даг Формон од локалната полиција. Се уште не е утврдено дали и тој е убиен или извршил самоубиство.

Формон рекол дека мажот и 13-годишното девојче се убиени вчера попладне во куќа во која едно семејство имало прослава или семеен собир.Уште четири лица се повредени и префрлени во блиската болница. Формон вели дека двете момчиња, на осум и 10 години, се префрлени во болница во критична состојба, наведува АП.

Полицијата се уште го нема утврдено мотивот за злосторството, а истрагата е во тек.