Во работните часови треба да се вброи и времето за патување од и до работа

Во работните часови треба да се вброи и времето за патување од и до работа
Во работните часови треба да се вброи и времето за патување од и до работа

Во вкупните поминати часови на работното место, треба да се вбројува и времето поминато во патување од дома до работното место, смета Европскиот суд за правда.

Судот потврдува дека на работниците кои немаат фиксни канцеларии, треба да им се плати и за времето кое го поминуваат во патување до работното место.

Европскиот суд смета дека има потреба од оваа мерка за заштита на здравјето и безбедноста на работниците во согласност со Директивата на Европската унија за работното време.