Во рација во Истанбул приведени најмалку 15 лица

Турската полиција денес спровела повеќе рации на најмалку три локации во Истанбул, вклучувајќи ја и областа која била упориште на минатонеделните антивладини протести, наведуваат турските медиуми.

Во овие акции се приведени најмалку 15 лица кај кои биле пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Како што пренесува државната агенција Анадолија, полицијата потпомогната со специјалци и хеликоптери, го опколила делот од градот Омејдени и ги задржала луѓето кои се осомничени дека учествувале во протестите во кои загинаа две лица.

Немирите избија минатата недела после протестите заради настраданите рудари за рудникот за јаглен во Турција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.