Спорт

Во РК Вардар можат да здивнат – Душебаев го продолжи договорот

Во РК Вардар можат да здивнат – Душебаев го продолжи договорот

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев (22), го продолжи договорот со РК Вардар за нови две сезони и ќе остане во клубот од “Јане Сандански” најмалку до јуни 2017 година.

Душебаев оваа сезона се најде меѓу десетте најдобри стрелци во Лигата на шампионите со 73 постигнати гола, а е трет стрелец во тимот, зад Дибиров и зад Карачиќ.

“Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати. Се надеваме дека и во иднина ќе биде еден од главните алки во екипата”
, изјави Давор Стојаноски, директорот на Вардар, за официјалниот сајт на клубот.

Алекс Душебаев е избран во Олстар – тимот на СЕХА – лигата оваа сезона, а неколкупати беше дел и од идеалниот состав на колото во Лигата на шампионите.