Магазин

Во „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје вечерва концерт на „Про Арс“

Во „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје вечерва концерт на „Про Арс“
Во „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје вечерва концерт на „Про Арс“

Професионалниот мешан хор „Про Арс“ под диригентство на маестро Сашо Татарчевски вечерва во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт посветен на стогодишнината од раѓањето на големиот руски композитор Георги Свиридов. Влезот е бесплатен.

Концертот е втор од циклусот „Јубилеи“ а ќе бидат изведени композиции од духовниот хорски опус на авторот.

Хорот „Про Арс“ е формиран во 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски, по анализа која укажа дека на нашата концертна сцена недостасува професионален хорски ансамбл способен за квалитетна изведба на широк и разновиден репертоар. Во изминатите четири години хорот оствари неколку самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на Охридско лето и на манифестацијата Денови на македонската музика, работилница за млади композитори, соработка со музичари од поп сцената како и студиски снимки за едукативни програми и за високобуџетни филмови.