петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 17

Во РС уапсени пет лица под сомнение дека продавале оружје на Муслиманско братство

Единицата за борба против тероризмот во Република Српска денеска уапси пет лица осомничени за илегална трговија со оружје, јави ФЕНА.

103597241

Последни вести

Во рамките на операцијата извршени се претреси на седум адреси во Лакташи и Босанска Градишка, при што е конфискувано голема количество оружје и воена опрема.

Приведените се осомничени дека шверцувале оружје од Босна и Херцеговина во Шведска, каде истото го продавале на органзиацијата Муслиманско братство.

Апсењето е дел од меѓународната акција во која учествува Министерството за внатрешни работи на РС и полицијата на Шведска, а насочена кон спречување на трговијата со оружје. Во акцијата во Шведска е уапсено едно лица, а по уште две се трага.

Најчитани вести