Во Русија 100 илјади спасители се во режим на воена подготовеност

Над 100 илјади спасители во цела Русија се во режим на „минутна подготвеност“ по нападите во Волгоград, изјавил заменик министерот за вонредни ситуации Владимир Степанов, цитиран од „Новости“.

„Во моментов во сите региони на Русија со министерско решение е воведен режим на воена подготвеност“, прецизира тој.

Во меѓувреме еден санитарен авион от типот „Ил-76“ со седум повредени веќе слетал во Москва, а друг се наоѓа во Волгоград, очекувајќи уште повредени, информирал Степанов.