Во Русија ќе се затворат сите ресторани на Мекдоналдс?!

Претседателот на Либерално демократската партија на Русија, Владимир Жириновски предложи денеска да се затворат сите ресторани на ланецот за брза храна Мекдоналдс во Русија, бидејќи таа компанија во четвртокот најави дека поради тензиите на Крим привремено ќе ги затвори трите ресторани во Симферопољ, Севастопољ и на Јалта.

„Сите ќе ги затвориме, а тогаш ќе работиме со Пепси,“ изјави Жириновски на новинарите пред седницата во Думата, наведуваат руските агенции.

Ланецот ресторани Мекдоналдс најави дека од оперативни причини кои не се под нивна контрола, привремено ќе затвори три ретсорани во Крим, но се надеваат дека повторно ќе ги отворат.

Агенцијата Ројтерс објави дека Мекдоналдс понудил преместување на вработените, кои сакаат да работат во Украина.