Во Русија парламентарни избори на 18 септември

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за парламентарни избори на 18 септември оваа година. Указот стапува на сила во денот на официјално објавување, се вели во документот.

Тој треба да биде објавен до пет дена по потпишувањето од претседателот. Со официјалното објавување, почнува и предизборна кампања.

Ќе се изберат 225 пратеници според мнозински и 225 според пропорционален принцип. Во истиот ден во 39 руски региони ќе се одржат избори за пратеници во регионални парламенти, а во седум – директни избори за гувернери и претседатели на републики.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.