Во Русија се’ почесто се самоубиваат лица заболени од рак

Руски здравствени официјални лица ги повикаа сите кои не можат да дојдат до неопходни лекови против болки заради рак, директно да го контактираат Министерството за здравство. Изјавата беше дадена откако зачестија самоубиствата на пациенти заболени од рак, пренесе МИА.

Повеќе од 10 луѓе заболени од рак извршија самоубиство во Москва во изминатите четири месеци, а меѓу нив се кардиолог и професор по психологија. Последното во низа самоубиство се случи минатата недела кога се обеси 36-годишен маж.

За многумина од нив се смета дека имале неподносливи болки.

Портпарол на Министерството во изјава за радио станица рече дека на многу клиники не се даваат лекови против болки како што е морфиум, иако би требало. Тој рече дека заболените од рак кои не можат да добијат лекови против болки да го контактираат министерството преку телефон или преку електронска пошта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.