Свет

Во Русија се згрижени над 40 000 украински бегалци

Во Русија се згрижени над 40 000 украински бегалци

Во времените прифатни центри во Русија се сместени над 40.000 беглаци од Украина.

Ова го соопшти денеска претставникот на руското Министерство за вонредни состојби, Александар Дробишевски, пренесе МИА.

– Во Русија се оспосбени 844 објекти за привремено сместување на бегалци, во кои престојуваат  над 40.000 украински државјани кои биле принудени да ја напуштат својата татковина, меѓу кои има и речиси 12.500 деца, нагласи Дробишевски, додавајќи дека во овие прифатилишта бегалците имаат се што им е потребно, вклучително и медицинска и психолошка помош.

Дробишевски информира дека руското Министерство за вонредни состојби во периодот од 23 август до 4 октомври, со шест конвои доставило над 7.600 тони хуманитарна помош за жителите на Доњецк и Луганск. Помошта, како што јави ТАСС, се состоела од храна, вода, постелнина, агрегати, филтри за вода, лекови и гориво.

Неодамна, рускиот министер за вонредни состојби Владимир Ручков најави дека Русија наскоро ќе испрати и седми конвој помош за реонот на Донбас.