Во Русија уапсени двајца приврзаници на ИД кои подготувале напад (ВИДЕО)

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Сахалин, остров на рускиот Далечен исток, уапсила двајца припадници на ултрарадикалната џихадистичка организација Исламска држава (ИД), соопштено е во средата.

Според оперативните сознанија, пренесува агенцијата РИА, уапсените планирале да извршат терористички чин на место на коешто има многу луѓе. Еден од нив е руски државјанин, а другиот на централноазиска земја.

При претресите на нивните домови најдена е импровизирана екслозивна направа со шрапнели, пропаганден материјал и екстремистичка литература. Поркај тоа, во мобилните телефони на уапсените се најдени и шеми за изработка на експлозивни направи.

Овие приведувања се дел од широката операција на руските безбедносни служби против тероризмот, по терористичкиот напад во подземната железница во ткн северна престолнина Санкт Петербург од 3 април кога беа убиени 14 луѓе, а повеќе од 50 беа ранети.

Неколку дена по нападот, за тероризам беа обвинети осум мажи, шестмина беа приведени во Санкт Петербург и двајца во Москва, меѓу нив и осомничениот за организирање на нападот и неговиот брат, сите доселеници од централноазиските земји поранешни советски републики.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.