Свет

Во Русија запленети 410 килограми хероин

Во Русија запленети 410 килограми хероин

Московската полиција заплени повеќе од 410 килограми хероин, изјави денеска шефот на руската служба за контрола на наркотиците Виктор Иванов, пренесе МИА.

Во операцијата, која траела две години, притворени се шест членови на криминалната група, вклучително и шефот на нарко групата.

Иванов наведе дека само во текот на ноќта полицијата запленила 147 килограми хероин, од кој би можеле да се направат околу 15 милиони дози, кои на наркопазарот би чинеле околу 500 милиони американски долари.