Во сабота бесплатна утринска јога во природа во општина Аеродром

Во сабота, 23.5.2015 година, со почеток во 07:30 часот, во еден од парковите во Општина Аеродром јога клубот „Тара“ организира бесплатен јога час во природа. Собирното место е пред ТЦ „Капитол“.

Часот кој е наменет за сите заинтересирани лица без оглед на возраст или пол, ќе содржи јога вежби за истегнување, јога положби, техники за дишење и кратка медитација. Од јога клубот посочуваат дека е потребно учесниците да понесат ќебенце или чергичка за вежбање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.