Во сабота „Кинески пролетен фестивал во Скопје”

По повод 30 години од збратимувањето на Градот Скопје и Нанчанг (Народна Република Кина) претстојнава недела ќе се одржат поголем број настани со што ќе се одбележи овој јубилеј.

Во петок градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе оствари средба со официјална делегација од Нанчанг, предводена од Жоу Шулинг, заменик-претседавач на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.

Вечерта во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечен коктел, а во 20 часот, по повод Кинеската Нова Година, ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.

Во сабота со почеток во 12 часот во Градскиот трговски центар, ќе се одржи „Кинески пролетен фестивал во Скопје” каде што присутните ќе можат да се запознаат со дел од богатата кинеска култура.