Во сабота сончево и топло, в недела облаци и пониска температура

Во следните неколку дена времето ќе биде сончево и релативно топло, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре, според најавите, може да очекуваме пријатен сончев ден со температура од 12 степени во Маврово до 22 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 19-от степен.

Во првиот ден од викендот ќе не’ очекува исто така сончево време со дневна температура од 17 до 23 степени. За недела метеоролозите најавуваат облачно и постудено време со максимална температура до 18-от степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.