Во сабота времен сообраќаен режим кај новата железничка станица

Во сабота на ден 21.03.2015 година, од 8 часот наутро, ќе почне изведување на градежни работи за реконструкција на рабници и изградба на рампи на пешачки премини на дел од булевар Кузман Јосифовски Питу во Аеродром, и тоа на дел од трасата што се протега под новата железничка станица-Скопје.

На овој потег, се до завршување на градежните работи ќе биде воведен изменет режим на сообраќај, па ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни кога возат, да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот и да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.