Во САД егзекутиран серискиот убиец Прието

Четириесет и деветгодишниот сериски убиец, Алфредо Прието вчера е погубен во американската сојузна држава Вирџинија.

Прието по потекло од Салавдор, во 2010. година беше осуден на смрт за силување и убиство на 22-годишна девојка и за убиство на негов пријател пред повеќе од две децении. Прието на смрт беше осуден и во Калифорнија за силување и убиство на 15-годишно девојче.

Апелацискиот суд на Вирџинија ја потврди пресудата за Прието во јуни, а вчера Врховниот суд на САД одби да ја стопира егзекуцијата.