Во САД исчезнал плутониум од оружје

Вработените во американскиот Државен универзитет Ајдахо изгубиле дел од плутониум од оружје, кој бил таму складиран, пренесува порталот Live Science повикувајќи се на Регулаторната комисија за нуклеарна енергија (NRC).

Последен пат регистрацијата на радиоактивната супстанција на универзитетот била извршена во 2004 година. Тогаш 13 еднограмски парчиња плутониум-239 биле спакувани во заштитни капсули за последното складирање. Потоа записот за плутониумот бил отстранет од базата на податоци, којашто универзитетот е должен да ја води за потребите на Регулаторната комисија за нуклеарна енергија. Непознато е каде потоа овие парчиња се пренесени, во последните извештаи тие не се појавуваат, пишува порталот, а исто така не постојат информации и дека плутониумот утилизиран.

Портпаролот на NRC, Виктор Дрикс, признал дека не може да потврди дека изгубениот плутониум не претставува никаква закана, но истовремено претпоставува дека причината за „исчезнувањето“ била грешка во водењето на евиденцијата.

„Се сомневаме дека парчињата на крајот завршиле на полигон за радиоактивни материјали“, рекол Дрикс.

Сепак комисијата предлага казна за универзитетот којашто би изнесувала 8.500 долари, бидејќи вработените покажале небрежност и не во воделе точна евиденција за лиценцираните радиоактивни материјали, кои им биле предадени за складирање.

Еден грам плутониум-239 не е доволно да се изработи нуклеарна бомба, но е доволно за правење ткн радиоактивна валкана бомба, се наведува во написот на Live Science.