Во САД падна џекпот од 636 милиони долари

Двајца среќници ќе си го поделат астрономскиот џекпот во износ од 636 милиони долари од лотаријата „Мега милион“ во САД, пренесе „Си-Ен-Ен“. Среќните се од државите Џорџија и Калифорнија, а среќната коминација на бројки била 8, 14, 17, 20 и 39.

Пред последното влечење, Американците масовно купувале тикети, што го зголемило џекпот од 586 милиони долари на 636 милиони. Само во Флорида, секоја минута се продавале тикети во вредност од 8.000 долари.

Сумата на џекпотот се зголемувала по одлуката на организаторите да го зголемат бројот на бројките на лото, со што шансите за да се погоди точната комбинација значително се намалуваат, прецизира „Си-Ен-Ен“. Предходно шансите биле 1 на 176 милиони, а сега се 1 на 259 милиони.

Постои 1.000 пати поголема веројатност да ви погоди астероид или комета, забележува уште „Си-Ен-Ен“.