Во САД предупредување за бурата Норма

Предупредување за тропска бура објавено е во саботата на југозападниот дел од американскиот полуостров Баја Калифорнија, во пресрет на зајакнатиот ураган Норма која се движи по Тихиот Океан, објави центарот за урагани.

Ураганот Норма, бура од 1-ва категорија, се наоѓа на околу 435 километри од Кабо Сан Лукас, јужниот ‘рт на споменатиот полуостров кој го делат САД и Мексико, со сила на ветровите од 120 километри на час.

„Норма е речиси неподвижна, но подоцна во текот на денот би требало да почне полека да се движи кон северот, што ќе го продолжи и во недела“, се истакнува во предупредувањето на американскиот центар за урагани, додавајќи дека се очекува дека Норма следните денови ќе зајакне.

Според нивните прогнози, Норма би можела да го погоди јужниот дел на Баја Калифорнија во понеделник, кога се очекува дека во повторно ќе ослаби.

Американските власти ќе мора да издадат предупредување за тропска бура и на истокот од државата, кон којашто се движи ураганот Хозе. Исто така бура од 1-ва категорија Хозе во саботата се наоѓа на 830 километри југоисточно од Бермуди, со брзина на ветерот од 130 километри на час. Се очекува дека подоцна во саботата ќе тргне кон север, со послабо губење на брзината.