Во САД живеат над половина милион бездомници

Извештајот на американското Министерство за градежништво и урбанизам покажува дека околу 565 илјади лица, од кои една четвртина деца, оваа година биле без дом.

Во извештајот се нагласува дека бројот на бездомници е мошне малку намален во однос на 2014 година.

Во многу американски градови економската обнова е бавна поради ниските плати на луѓето со најмали примања, кои или се замрзнати или се намалуваат, како и поради буџетските ограничувања во социјалните програми.

Лос Анџелес, Сиетл, Портланд, Орегон и Хаваи неодамна прогласија вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на бездомници.