Во Сараево пронајдена бомба тешка половина тон

При изведба на градежни работи во сараевската населба Бољаков Поток, пронајдена е неексплодирана авионска бомба тешка половина тон, соопштил в.д. директорот на Федералната управа за цивилна заштита на Босна и Херцеговина, Фахрудин Солак.

Веројатно се работи за бомба која останала уште од времето на Втората светска војна. Тоа е бомба со голема разорна моќ.

Тој информира дека локацијата околку бомба е оградена и дека експлозиваната направа се подготвува за транспорт на безбедна локација.

Солак најави дека е можно пред поместувањето на бомбата да биде спроведена и евакуација на населението што живее близу локацијата на која се наоѓа експлозивната направа.

„Веројатно се работи за бомба која останала уште од времето на Втората светска војна. Тоа е бомба со голема разорна моќ. Ги преземавме сите мерки за да го заштитмен населението“, нагласи Солак.