Во саудиското ракетирање во Јемен убиени над 50 цивили, од кои 40 се деца

Педесет и еден цивил, меѓу кои четириесет се деца, загинаа минатата седмица во ракетирањето на борбен авион на сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија во северозападен Јемен, соопшти во вторникот Меѓународниот комитет на Црвениот крст s (ICRC).

На 9-ти август во воздушен напад врз автобус со деца во кој се превезувале во летна школа кој се движел во близина на пазарот во градот Дахјан во покраината Саада, која е под контрола на шиитското племе Хути, убиени се 40 деца, Од ICRC во вторникот го предадоа новиот извештај со податоци за трагедијата во кој е прецизирано дека загинал 51 цивил, меѓу нив 40 се деца, додека ранети се уште 79 цивили од кои 56 се деца.

Повеќето од загинатите беа погребани во понеделникот во градот Саада, кога илјадници Јеменци дојдоа да изразат огорченост извикувајќи слогани против Саудиска Арабија и нејзиниот сојузник САД, Овој брутален саудиски масакр врз цивилите предизвика и бран жестоки меѓународни осуди и повик да се покрене истрага.

Kоалицијата којашто на води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот Јемен од 2014 година на племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Бунтовниците, кои ја обвинуваат владата на Хади, кој своевремено пребега во Ријад, дека ги толерирала бунтовничките племиња поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, освоија големи области на земјата, меѓу кои е и главниот град Саана, која и натаму е под нивна контрола.

Во војната загинаа повеќе од 15.000 луѓе и ранети се уште десетици илјади други, од кои најголем број се цивили, и создадена е една од најголемите хуманитарни катастрофи, според Обединетите нации.