Без македонско знаме е седиштето на партијата на Зијадин Села, Движење за реформи – ДПА, во Тетово. Над влезот од зградата во која се наоѓа седиштето на оваа партија се вее знамето на Албанија, како и знамињата на САД и на ЕУ. Закачено е и нивното партиско знаме, но македонското никаде го нема.
Пред седиштето на партијата беше формиран кордон од млади лица, членови на Движењето за реформи – ДПА. Тие на себе носеа бели маички со ликот на Села.
Лидерот на партијата Движење за реформи – ДПА, како и на коалицијата „Алијанса за Албанците”, Села, пред некое време даде изјава со која го негираше постоењето на македонската нација, што наиде на големи критики кај јавноста, а особено кај македонското население.
Села претендира неговата партија да добие министерско место во новата влада на мандатарот Зоран Заев.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.