Во седиштето на Сириза пронајден коверт со сомнителен бел прав

Во седиштето на грчката владејачка партија Сириза денеска е вклучен аларм откако во поштата е откриен коверт со „сомнителен“ бел прав, јави електронското издание на „Катимерини“.

Во канцелариите на Сириза биле повикани полиција и противпожарна служба за да го земат ковертот, кој бил откриен само неколку часа пред премиерот Алексис Ципрас да го посети седиштето на неговата партија.

Ковертот и неговата содржина ги испитуваат експерти од истражувачкиот центар „Димокритос“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.