Во секој државен универзитет во Турција ќе се гради џамија

Ќе се градат џамии во кампусот на секој државен универзитет во земјата, најави вчера Дирекцијата за религиозни прашања при турската Влада.

– Во процес на градење се џамии во повеќе од 80 универзитети. Петнаесет од нив се веќе отворени за верниците и ќе отвориме 50 други во текот на 2015 година, изјави Мехмет Гурмез, шеф на Дирекцијата за религиозни прашања.

– Има 20 милиони млади луѓе во нашата земја и ние сакаме да можеме да стигнеме до секој од нив, објасни Гурмез, цитиран од Анадолија.

Според него, имамите кои примаат плата од владата согласно законите во Турција, ќе бидат одговорни во секоја џамија да понудат помош на младите кои се во тешка ситуацијата.

– Ние придаваме голема важност на џамиите во универзитетите. Тие се единствениот начин да се вратат џамиите во животот, градовите и срцата на нашите луѓе, потенцира Гурмез.