Во секс за една ноќ уживаат и жените

Заблуда е дека мажите се тие на кои сексот за еднa ноќ им е цел на излегувањето, додека жените кои се впуштаат во такви искуства имаат ниска самодоверба, тврдат научниците од Универзитетот во Њујорк.Тие анкетираа неколку стотина студенти на својот Универзитет кои за време од 12 недели воделе анонимен дневник на тема својот сексуален живот.

Резултатите ги изненадиле научниците, бидејќи не само што студентите не чувствувале грижа на совест или  помалку самопочитување по таквите „безначајни сексуални средби“ туку биле поопуштени и помалку склони на депресија или самодоверба за разлика од оние кои не биле со никого.

Исто така уште еден изненадувачки факт е што во резултатите не постоела никаква разлика во полот. Учесниците кои се впуштиле во секс за една ноќ, за себе се изјасниле дека се либерални и сексуално освестени.

Поради тоа, не им е потребна „рамка“ односно љубовна врска за да уживаат во сексот без чувство на вина, заклучуваат научниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.