среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 57

Во септември издадени дозволи за градење 1.009 станови

Изградба на 1.009 станови со вкупна површина од 78.143 метри квадратни е предвидена во септември годинава, соопшти Државниот завод за статистика.

дозволи

Поврзани вести

Издадени се 297 одобренија за градење или 6 отсто помалку во однос на истиот месец лани, а предвидената вредност на објектите изнесува 5.088.315.000 денари што е за 21,7 отсто повеќе во однос на септември 2015. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 196 или 66 отсто се за високоградба, 23 или 7,7 отсто се за нискоградба, а 78 или 26,3 отсто се објекти за реконструкција.

Од вкупно 297 објекти, за 203 или 68,4 проценти инвеститори се физички лица, а за 94 или 31,6 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Најчитани вести