Во Северна Дакота пронајдено телото на Дамјан Неделковски

Телото на 35-годишниот Македонец, Дамјан Неделковски, кој се водел како исчезнат уште од ноември лани, било пронајдено во водите на реката Канонбол, во Северна Дакота, САД.

Телото на Неделковски, кој инаку живеел во Глендејл, го пронашол локален рибар, а аутопсијата не покажала дека имал насилни повреди. Шерифот на округот Мортон, Кајл Кирхмаер на прес конференција потврдил дека телото на Неделковски е пронајдено во реката, но и дека не се знае колку долго било таму, со оглед дека сè уште на себе имал фармерки, маица и патики.

Според шерифот, Неделковски последен пат бил во контакт со пријателите и семејството околу 26 октомври лани, а неговиот полубрат го пријавил како исчезнат на 16 ноември.

Неделковски живеел во Глендејл, а потекнува од Република Македонија. Кај него била пронајдена македонска лична карта.

Според податоците од полицијата, на 28 октомври тој бил запрен од сообраќаец во Јужна Дакота поради брзо возење и рекол дека оди на протест. Возилото што го изнајмил и со кое патувал кон Северна Дакота било пронајдено на 23 февруари. Полицијата уште тогаш почнала потрага по евентуално удавено лице во близина на кампот, но не било ништо пронајдено.

Шерифот на округот уште изјавил дека некој родна на Неделковски со сомнева дека го забележал на видеоснимка од протестот на 2 февруари, но не е сигурен дека бил тој.

Во рамки на истрагата за смртта на Неделковски, полицијата ја проверува неговата кредитна картичка.

Телото на Неделковски, според полицијата, веројатно ќе биде пренесено во Македонија.