Во Северна Ирска уапсени три лица дел од мрежа за шверц со луѓе

Три лица се уапсени во полициска опрација за откривање на мрежа за шверц со луѓе во Северна Ирска, соопштија денеска властите во Белфаст.

Уапсените се сомничат за шверц со луѓе, принудна работа и перење на пари, наведува полицијата и додаде дека и понатаму ќе продолжат со акцијата за трговија со луѓе.