Во северниот и северозападниот дел од Македонија врне дожд

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови,наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Во северниот и серозападниод дел од Републиката врне дожд.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: Жировница- Дебар-Струга.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.