Во шест одвоени случаи откриени 38 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминативе денови реализираше шест одвоени случаи на крумчарење мигранти во коишто против седум лица (од кои по еден романски, грчки и албански државјанин) до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти полицијата откирени се 38 илегални мигранти на возраст од 66 до две години повеќето од Сирија (27), како и седумина илегални мигранти од Ирак, двајца од Мали и по еден од Нигерија и од Того.

Мигрантите се сместени во Прифатниот центар во Скопје, а од страна на судија на претходна постапка на петмина од пријавените им одреди мерки притвот – за четворица во траење од по 30 дена, а за еден во траење од осум дена.

Во првиот случај на автопатот Гевгелија-Скопје, сопрено е возило со скопски регистарски таблички „Шевролет круз“ сопственот на рента кар компанија, а управувано од романскиот државјанин М.А.Г.(36) во кое се откриени и четворица илегални мигранти од Сирија, кои илегално од Грција влегле во Македонија во близина на граничниот премин „Богородица“ со намера да стигнат до Србија. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во вториот случај кривично пријавени се лицата М.Г.(21) албански државјанин и Х.Ф.(31) од Скопје кои со две патнички моторни возила на автопатот Гевгелија – Скопје се сопредни и спречени во обид да прокриумчарат девет мигранти од Сирија кои илегално од Грција влегле во Македонија со намера да стигнат до северната граница а одтаму илегално да преминат во Србија. Против двајцата пријавени судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во третиот случај на локалниот пат с. Богородица – Гевгелија во близина на местото „Понов мост“ сопрено е возила марка “Фолксваген Туарег“ со германски времен регистарски број управувано од М.С.(30) од скопско Студеничани, кој превезувал 12 илегални мигранти (петмина од Сирија и седумина од Ирак) меѓу кои шест биле малолетни лица, деца на возраст од девет до две години. Судија на претходна постапка на М.С. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во четвртиот случај кривично пријавен е грчкиот државјанин А.Ф.(39) кој што на автопатот Е-75 кај местото „Авлач“ во близина на с.Мрзенци управувајќи патничко возило „Цитроен Саксо“ со грчки регистарски таблички е сопрен во обид да транспортира четворица сириски илегални мигранти, коишто претходно ги прифатил на локалниот пат Богородица-Гевгелија на м.в „Раскрсница Богородица“ со намера да ги превезе до границата со Србија. И нему од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Во петиот случај кривично е пријавен Ј.О. (23) од село Черкези кумановско којшто во близина на браната Паљурци на локалниот пат Богданци-Дојран, прифатил и сместил нелегални мигратни во товарно возило „ИВЕЦО“ 35 С ДАИЛЅ” со скопски регистарски таблици. Иако на првичниот знак „стоп“ од страна на полициските службеници тој се дал во бегство набргу бил сопрен и биле откриени четири илегални мигранти – двајца од Мали еден од Нигерија и еден од Того, коишто требало да ги пренесе до село Лојане, кумановско.

И во шестиот последен случај кај местото „надвожњак Прждево” на стариот пат Демир Капија – Неготино е забележано патничко возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблички управувано до пријавениот Ф.Н.(34) од Зелениково, скопско, во кое имало илегални мигранти. Возилото се движело во правец кон Скопје, а по координирана акција на полициските службеници возилото е сопрено на местото викано раскрсница Неготино – с.Бистренци во Неготино. Возачот, односно пријавениот Ф.Н. иако ги дал документите на полициските службеници , по барањето да излезе од возилото се дал во бегство, го стартувал возилото во правец кон Скопје, а документите останале кај полицискиот службеник. Меѓутоа после два до три километри тој го сопрел возилото и почнал заедно со петмината сириски илегални мигранти да бегаат со трчање, по што мигрантите се фатени и пренесени во Прифатниот центар во Скопје. По два дена од настанот Ф.Н. е лоциран и приведен, соопшти полицијата.