Во „Шетач 2“ уапсени 15 лица, за 4 уште се трага

Во меѓународната полициска акција меѓу Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, наречена „Шетач 2“, на подрачјето на Република Српска се уапсени 10 лица, во Федерацијата БиХ 5, а полицијата уште трага по четири осомничени лица. Акцијата е за спречување на неовластено пуштање во промет на опојни дроги.

Од министерството за внатрешни работи на Република Српска, е потврдено дека во досегашната акција запленети се 130 килограми марихуана.

Во денешната акција одземени се и пет патнички возила, 2,5 килограми експлозив, една пушка, шест рачни радио станици, еден пиштол и една ловечка пушка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.