Во Шпанија запленети 200 килограми кокаин скриени во ананаси

Шпанската полиција денеска заплени 200 килограми кокаин. Дрогата била скриена во издлабени ананаси, кои биле транспортирани со брод од Централна Америка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ананасите полни со кокаин биле откриени во 10 контејнери, кога пристигнале во јужното пристаниште Алгесирас. Врз ананасите полни со дрога имало жолт восок, кој ја симулирал бојата на овошјето.

Ананасите пристигнале од неименувана земја во Централна Америка и биле наменети за две компании, едната во Мадрид, другата во Сан Кирсеу дек Ваљес во близина на Барселона. Двете компании ги водат шпански државјани по потекло од Колумбија.

Во операцијата приведени се три лица. Минатата година полицијата во Алхесирас конфискува 2,5 тони кокаин скриен во пратка со ананас од Костарика, што е најголема заплена во Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.